шика (гл.) - крв (имн.)

Станува и почнува да вришти. Од устата му шика крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наеднаш ги ококорува очите и ја бутка од себе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)