шета (гл.) - свој (прид.)

Глигор испитувачки ги шеташе своите големи смели очи по рапавината на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Еден ден, шетајќи низ градот, ја сретна Марија која ја шеташе својата пудлица за која Богдан посебно се грижеше во Пансионот и од Марија беше почесто наградуван.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)