И кога одам да шетам крај езерото, продолжува по мала пауза тој, одам на истите места.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ако загинам – времето ми минува со моите врсници в земи: шетаме крај море, од испокинатите знамиња правиме шамивчиња и ги бришеме наврнатите птици.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Често замислен шетав крај морето и покрај урнатините на Картагина. Во далечниот хоризонт се наѕираа контурите на палатата. Во неа суверенот ги минуваше последните години на своето владеење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)