шегува (гл.) - со (предл.)

Дека тоа и го разбудило и дека тоа сега и го води и неговиот поглед во височините. Сега се шегуваше со Сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тато се шегуваше со мене: „А ти - клучарче на тато! Што ќе речеш? Ми се гледаш некако потпораснат, позрел“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Мамо, да не се шегуваш со мене? - бев претпазлив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Освен тоа, не гледаш ли дека се шегував со тебе? Каде ти е чувството за хумор?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не знаев дека тие се шегувале со мене...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мислеше на маѓијата на сите дивинки да се враќаат секогаш на она место, од каде што си ги скорнал првпат, но и тоа го стори повеќе како да се шегува со себе си, бессилен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговото молчење нѐ охрабри и ние глупаво се шегувавме со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кретен“, слушам како се туфка и се шегува со мене.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)