чука (гл.) - по (предл.)

Што е ова тврдо на дното? - Ориз, ефенди, ориз! - почна да се правда Доне.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој наново почна да чука по вреќите со раката од врвот па сè дури до дното!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во нашиот гимназиски состав Врапче, нормално, свиреше клавијатури. Беше таканаречениот „киборд мен“. Јас чукав по лонци што ги нарекував „конги“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
МИТРЕ: (бришејќи си ги очите). Ашколсум бре, синко, ако биде вака како што велиш, сево село ќе ни завидува. (Го чука по рамото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Возот си клопотара, чука по шините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сестрата го чука по образи, го буди да не им пречи на другите и го успокојува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За чест кој ми прави душа си давам. (се замислува и после се чука по главата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не сака ни велење оти како ќе речам јас (Се чука по гради).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ете така, а сега да немам ни дрвце да си сварам уште едно грне грав. (се чука по главата) Ами, будаличко, го тргна грнето, тури им веднаш вода- изгасни ги.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А и политикант: нема да се размножуваат гркоманите! (ја чука по коленото) Разбираш ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
(Манастирот. Арамијата чука по ѕидовите. Бара нешто. Пауза. Шум. Арамијата се крие во темницата. Вади пиштол. Се отвора вратата. Влегува Михајло. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А сиот насмеан и весел, тој ќе чука по рамово и ќе плука на прстот кога ќе ги брои...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)