Под главата го чувствуваше правилниот ритам на неговото срце, кое чукаше во ритмот на нејзиното дишење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И така, перам: наведни се, исправи се. Јас чукам на каменот, а милото чука во мене. Клоца, ме жегнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Барабанот на потсвеста чукаше во ист ритам: „Барај, барај го, во него е решението на загатката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)