Се обиде да се сети кога првпат чул да се споменува Големиот Брат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За Шишмана не се плашеше; кога ќе му тропне третото камче тој ќе искочи како откачен од федер. Штом го чуе да падне.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Никогаш досега, откако ослепе, не ја чу да се смее, никогаш не почувствува веселост кај неа, никогаш во нејзината спална не пуштала никого од персоналот да влезе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И Ели нема да сака ни да чуе да оди со неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Штом ќе чуете да пукнам, до мене да сте! Се разбравме ли?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Си имате песна Симка ќе знае дека си ти.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Долго време не можеше да ги чуе да поминуваат крај неговата бука за да го извика тоа по нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од бродот галија направете
во ушите восок ставете
да го чуете да не можете
на Сцила и Харибда
пеењето!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Само да чујат да цвикне од некоја кочина и еве ги на гости. Ја отвораат кочината, небаре да е нивна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)