- О, - вели, - ти ли си тој Зоки, а? Та ние за тебе чувме многу нешта.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тој малечок ја имаше чуено многу добро трубата на будењето и беше се затрчал онаму, каде што го повикуваше таа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа ноќ Змејко чу многу работи за луѓето. Тој ги разбираше сите тие работи за луѓето, но тие некако многу тешко можеа да станат негови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)