А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Одамна требаше да се чуе плач.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А куќата што ќе ги чуе плачовите твои света ќе остане за нас.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Во едно од поскриените катчиња на ова островце, речиси покрај самата Сена, одкаде што допираше тивко шумолење, чув плач.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)