Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги слушав двајцата како се докажуваат меѓу себе и се чудев како сериозно беа внесени во својот мафијашки филм.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сега се чудеше како воопшто смеел до пред малку да се задржува надвор, потпирајќи се само на приказните дека ѕверовите се плашат од светлината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се чудам како може и стрмно и рамно да се стави во толкава слога.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Уште се чудам како не го родив во снегот. Детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Камионот е наместен, капакот отворен, а војниците се чудат како да ги качат мажите така, на купче, врзани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ уште се чудеше како Таа не може да го види, да го прочита – неговото дилетантство, неговата двојност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Нашите мисли се зборови. Ме чуди како не го сфаќате тоа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас не знам. Се чудам како да одговорам.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Уште се чудам како ја докријавме кравата. А и магарето. Бугарите јадеа и магариња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)