Да го допуштиме уште и тоа, тој да добие бугарска служба. Но ќе се чувствува ли тој на неговото место? – Не.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како ми е кој ме прашува, сите се среќни со моето присуство. Ја чувствуваат ли мојава тага?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Чувствуваше ли каење? Не, без сомнение, бидејќи ниту една црта од неговото лице не се мрдна. Тој стоеше како закован на место.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Овој Онисифор ќе ти пушти капка крв. За твое добро.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не чувствуваш ли, под тебе мириса на ископан гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудно, толку многу блиски, си мисли Пелагија, а сепак разделувањето како да ни ги затвора срцата, освен овие километар два како да има и нешто невидливо што ни ја расипува взаимната доверба. Го чувствува ли истото и Чана?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Го чувствуваш ли ова, Смит? Аххх... Зелена трева. Си помирисал ли, воопшто, нешто поубаво?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)