чувствува (гл.) - убаво (прил.)

Се чувствуваше убаво. И не сети како заспа...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По секоја средба со него се чувствувам убаво, радосно и секогаш си велам: „Кога сите луѓе би биле како мојот професор, животот би ни бил многу поубав, почовечен.“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Атмосферата беше секогаш опуштена и сите се чувствуваа убаво.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гледајќи го нивниот лет, слушајќи ги нивните песни, ние се чувствуваме убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој верувам, кога би го опсипале со признанија и благодарници, не би се чувствувал убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)