чувствува (гл.) - веќе (прил.)

Во идниот момент го чувствував веќе телото на Катерина до своето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше да знае зошто ги споменав двете имиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ВРАТЕН ДОЛГ Плодовите на осамена круша горница помеѓу две грпки на невисок рид сторија да не се чуствувам веќе гладен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Издивна пак длабоко и замолча. Не чувствуваше веќе потреба да зборува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога мајка или баба ќе ме замиеја, веднаш чувствував олеснување, како некое пролетно ветре да ми поминуваше низ телото, ми го однесуваше огнот и јас во тој миг се чувствував веќе оздравен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Богдан ѝ купи прстен, и откако таа го стави, откако не ја чувствуваше веќе таа празнина на прстот, не го сонуваше повеќе тој сон.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Сакаш да те стоплам? - праша речиси без глас, и јас бев сигурен дека таа настојува со сите свои можности вистински да ми помогне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)