А сега? И натаму во топлината на песокот ја чувствувам сопствената порозност, додека над мене, низ небото со боја на ’рѓа зачкрипува надразнетиот крик на галебот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јас, која треба да ги лекувам пациентите- не ја чувствувам сопствената душа -сè заборавив- што сум јас- извршителка на должности- должна сум наутро да ги облечам и да ги нахранам децата-должна сум во седум часот да се јавам на работа-должна сум да давам дијагнози-должна сум да лечам-должна сум да водам љубов со маж ми-моите деца моите пациенти мојот маж-зошто ги нарекувам мои-неподвижна седам пред телевизорот-се дава некој глупав историски спектакл-мажот и децата ѕурат во екранот-мракот ме одвојува од нив-мракот ме носи во големата сала-исчекувам ли нешто-редици од свеќи-свеќи танчери-запалени свеќи-прегорени свеќи-студено ми е-толку ми е студено-кој ќе ме стопли-кој ќе ме извлече од овој подрум-само да се помрднам-да побегнам-да исчезнам-јас тука се убивам-боли ме боли-телото ми е претешко-ми треба воздух-да се одлепам-само здив-не можам-не постојам-пропаѓам-помош-помош-помош_
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)