чувствува (гл.) - заскитан (прид.)

И наеднаш се оддалечи, замина негде не само со поплаките туку и со гласот, и моите зборови повеќе не ја престигнуваа; ми се чинеше дека попусто ги арчам, дека попусто се трудам, па затоа и се чувствував заскитан сè додека не почувствував дека нејзиниот глас се враќа, дека дишењето ѝ се забрзува, а челото, до тој момент речиси суво, наеданаш се ороси со студена пот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури потоа ги отвори очите и ме погледна толку изненадено што се чинеше дека за прв пат ме забележува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А на заскитаните им недостасуваат јасни патокази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И на мене ми се има доверувано дека се чувствува заскитан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)