чувствува (гл.) - чукање (имн.)

Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа го чувствуваше чукањето на срцето на треперливото топче, што беше полно со топлина и силина на живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)