Неговите дилеми остануваа речиси непроменети и тој не се двоумеше да му ги искаже и на Климент Камилски кога го очекуваше тоа утро на вообичаената дебата опкружен со своите книги од областа на историјата и правото со арапски и латинични азбуки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како дипломец на шеријатското и модерното право, Татко отсекогаш ја чувствувал тежината на милетот во сите фази од својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Да именуваш значи и да овековечиш, значи да го извлечеш именуваното од хаосот, каде што времето меша сѐ!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Луѓето отсекогаш ја чувствувале тежината на зборовите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Машкиот дел пред зградата беше прекриен со добро одгледан тревник со детелина чие зеленило и свежина раѓаше кај мене, истовремено, и тага и радост, и копнеж и болка, и нешто недоволно јасно во сеќавањата, и нешто премногу остро во нив, нешто што сечеше како срча навлегувајќи длабоко во месото на животот, и јас тогаш се повлекував во ќелијата, клекнував во аголот наспроти креветот, ја ставав главата меѓу коленици и плачев како дете, или можеби само сакав да плачам како дете на сет глас; да, јас сакав да плачам, но не можев оти рапава грутка ми го затнуваше грлото и ми го параше до изнемоштеност и чувствував тежина на камен под кој лежев како болно дете на пелена и сонував страшни соништа, го сонував животот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се гледаше себеси како излегува во ноќта со чекор на месечар кој не ја чувствува тежината на месото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се потргна малце од него плашејќи се да го погледне и кришум, додека пак ја чувствуваше тежината на неговото рамо врз едната страна на лицето, му ја бараше раката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Штом сме работници, кој вака — кој така ја чувствува тежината на животот.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Со прстите постојано нешто допираш, фаќаш, мериш, чувствуваш тежина и облик, ја оценуваш положбата на рацете и на прстите, а при тоа извршуваш стотици мали тестови.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таа не ја врти главата, не ги упатува очите на лево, оди само напред, полека, полека, не ја ни чувствува тежината на ќеркичката, ама во нејзината глава се сместува последната куќичка, онаа што со пар прозорци гледа на долната улица, а само со еден на оваа по која сега чекорат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Не ја чуствуваше тежината на крстот – тежината на притисокот на земските потреби на телото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Овде речиси и физички се чувствуваше тежината на книгата во времето, во животот на семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)