Едноставно, јас ја чувствував таа потреба.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ја чувствува таа безмерна благост и сила, што се простира колку над, толку и под облаците, надвиените момински кадри, блесокот на постанокот насекаде, насекаде...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ги полни со нектар артериите. Ја чувствувам таа сина течност.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не го интересираше како се чувствува таа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И толку сум му благодарна на Кундера за таа теорија, затоа што ми помага од време-на време да ја чувствувам таа леснотија и да одам натаму.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Нејзините последни зборови.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но изгледа ти не ја чувствуваш таа смрдеа, та ме кандисуваш и мене да се потурчам за да бидам пак јас две-три години негова.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А јас и натаму чувствував како заедно, како едно, ми чукаат срцето, утробата и меѓуножјето; ги чувствував таа слатка болка и тој горчлив копнеж да се даде нов живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Сакам да имаме дете,“ едно утро му реков на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)