Поради тоа, во текот на деветнаесетиот и во почетокот на дваесетиот век, масите ја преземаат контролата над сите сфери на социјалната структура на општеството.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од средниот слој се формира еден специфичен слој, повисоката средна класа, која имаше тенденција кон припаѓање на елитната аристократија, и која едновремено стекнуваше свест дека веќе не ѝ припаѓа на масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Малубројната елита, за да не исчезне, се сокри во своите недостапни градини, да ги чува своите вредности за некои подобри времиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој сосема отворено им укажал на присутните за очебијните чекори кои се преземале од Македонија “за разлабавување на централната власт“ и неговата неодмерена констатација дека “секој си ја чува својата прчварница, а не гледа дека ни е неопходна цврста власт во Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И за сето време мора да ја чува својата омраза заклучана во себе, како некоја топка, материја што е дел од него, а сепак не е во врска со останатиот дел од него, како некоја циста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се жртвуваш и сега ти го чуваш своето дете заедно со детето на „разлигавениот“ и пријателка ти, па играш пинг-понг во четворка со мажот нејзин секоја среда и петок и баскет секој вторник и четврток.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И тој ли е тој твој маж?... Тој убиец!... Заради него ли ти ја чуваш својата чест?...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Беше шалтерски службеник во банката, каде тој ги чуваше своите пари.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
НИЕ, ДРАГИ МОИ, не можеме да се пофалиме дека добро си ги чуваме своите лични работи како што се: облеката, чевлите, книгите и ред други предмети што ни служат за лична употреба.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На тоа место некогаш навистина постоела штала во која богаташите ги чувале своите коњи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Имаше пред тоа некакви предупредувања одоколу, особено од родителите на учениците, учителот да се ослободи од козата, но тој и натаму си ја чуваше својата Мила.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќе се препознаев како младо, тенко фиданче некаде меѓу некои стари древни брестови, кои од старост се подгрбавиле и личат на стари дедовци кои љубоморно го чуваат својот престарен живот и не сакаат да се развива младиот цвет заплеткан меѓу нив.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На пример она тврдење, дека државата покрај другите свои обврски треба да ја брани и чува својата територија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Го чувам своето место во редот“, рече момчето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)