чува (гл.) - голем (прид.)

Четириесет години Невена си остана невеста со заклучено срце во кое ја чуваше големата љубов кон кралскиот офицер, со негибната надеж и верба во неговото враќање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нека те чува големото небеско око, помагајки ти во сите твои намери.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Твојата библиотека во минијатура ме потсетува на големата француска Национална библиотека на улицата Ришелје во Париз, каде што во почетниот дел се чуваат големите речници! коментира во шега Климент Камилски откако ги разгледа внимателно сите книги на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)