чува (гл.) - пат (имн.)

Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можеше да разбере зошто момчињата ги нема сега на полјанката; не се слуша нивната борбена песна, ги нема ешалоните да маршираат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Останаа, другарите да го чуваат патот и да ги бројат камионите товарени со наши оздравеници... 24 ПО ЗАМИНУВАЊЕТО на Нумо, Пандо тукуречи остана сосем сам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И многупати се прашуваше дали толку многу му е наклонет затоа што како дете го носи големиот товар на возрасните или затоа што Кире уште од првиот ден, коге се запознаа го бара и го сака?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)