чува (гл.) - пари (имн.)

Таму подоцна ќе ги чуваме парите добиени од вреднуваниот труд.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во врска со парите, Камилски забележа и неколку турцизми што означувале разни предмети во кои се носеле и се чувале парите, како на пример: ќесе, вид паричник (од турски kese); ќемер, намерно сошиен појас со прегради кој се носел и директно на телото, под облеката (од персиски kemer); арч, арџ, трошок (од арапски har).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му велел Знам стариот кај ги чува парите; него е лесно да го измамиме, Максима ќе го заколиме, на бегање ќе го запалиме Имотот и додека тие гаснат, ние за ден, два, прекутрупа ќе се префрлиме преку граница во Србија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој претпостави дека Камилски ги чува парите во собата и претпочита таму да му ги предаде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)