- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Треба да си подготвен за да го сфатиш но и да го прифатиш тој конечен суд, а се разбира, по потреба, и да сочувствуваш со него, во колку не се загрозени твоите лични интереси, или, чувај нѐ господи, интегритетот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
При секоја молитва велеше: „Чувај нѐ боже од полошо...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Младите премолчуваа, се чудеа, уште не знаеја што е старост, средовечните се потсмеваа, а постарите најчесто во себе си повторуваа: „Арно се рекло, Господе, чувај нѐ од лоша сетнина!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)