Затоа пејте само, звона на небо ќе звонат, пејте и кога глас во Вас нема, оваа прекрасна мисла, нека ве следи верно,за Ангелот кој со глас среќа создаваше, чувајте го во Вас, макар во Сонот. (на Тоше)
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Потоа исправи го на чатал и чувај го на полица. Да ги плашам децата?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Целиот свет го поминав, сепак најдов дар за тебе: Највисок,најширок и најтопол ископан од моето срце-БЛАГОДАРАМ, чувај го себично, како тајна!
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
А пусулчето чувај го како очите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Да одиме - рече генералот и одново им се обрати на куририте: - Вие да не заборавите што ви наредив! Чувајте го Маркос! - Им стегна рака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А, ти, стрино - и реков - застани, ене, таму, на ридот и чекај го писмениот, ама и чувај го писулчето за да ти го пее тој учениот што ќе дојди...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Луно, златна луно седни на брег чувај го ако се разбуди – буди ме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Стапот, Господине, чувајте го за луѓето. Та, нели сме ние подобри од нив?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А кактусот во стаклена тегла чувај го, за да нема литри од солзи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Александар ја отвори својата дланка со елеганција на панаѓурски магионичар. - Чувај го.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ти се молам, господи, чувај го од куршум...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ноќ. Костадин доаѓа со тројца другари.)
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ти разголи се, со заби дави се со смртта, само коњот чувај го.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пријателе, рече, драг мој Кристапоре, земи го ова јапонско дрво старо близу еден век и чувај го да те потсетува дека животот може да се одржува и да и се противставува на злокобатадури и со последното жилче.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Еве. И другпат подобро чувајте го. Најдобро в џеб. Футролата ви дава опасен изглед.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- А патериците, другар? - Доста бре, ти, со тие прашања, - викна нетрпеливо некој. – Имај трпение, па и тоа ќе се реши. Чувај го, редот!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ама, внимавај на дедо ти. Кога ти беше мал, тој те чуваше - сега ти чувај го него и не испуштај го од рака.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ти разголи се, со заби дави се со смртта, само коњот чувај го.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Цел живот сум трчал низ полето и селото, чувај го, барај го овој, барај го оној и - ништо!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Оди си по патот што си го одбрала, јас ќе те следам ќе те пратам, јас друг пат одбрав од каде нема враќање, а ковертот ти го испратив, полн чувај го за спомен СПОМЕН ОД МИНАТОТО!...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Чувај го знамето, во најскритото место. Кога ќе ни се врати слободата, крени го над чатијата! Ти или внуците!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Еве ти го тогаш динарот. - Не. Чувај го.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Ох, Боже, чувај го...“ Триесет секунди.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)