Вљубените ракописи од стариот ковчег се само неважно мои  Вие од племето спонтани природозанесени очекувајте ме крај потокот да се прочистиме  А туѓинците, богатите излетници, нека ја читаат историјата на нашето исчезнување, измамувајќи си по некоја солзичка  Нека не запечатат, пожолтени, во музејските архиви  Нашето време помина и не знам дали ќе се запрашаат „беше ли?“
               
             
           
            
            
              „Или“
               од Александар Прокопиев 
              (1987)