чини (гл.) - и (чест.)

Но најмногу од сѐ беше смешен, а, се чинеше и штрекнат малку во мозокот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓутоа, Ворхоловиот пасивен воајеризам, кој својата интервенција ја сведува на одбирање на субјекти за свое набљудување, па со тоа и изгледа либерален и безопасен, се покажа како опасен кај агресивните егзибиционисти како Ондин, што можеше да го чини и глава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со овој инцидент дефинитивно е потврден Ворхоловиот концепт на воајер, тој ги остава протагонистите безоглед на тоа што се случило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Стоеше на прозорецот, низ кого денот ги процедуваше своите малукрвни, придушени одблесоци во неговата одајка, по ноќта, чија што црна темничина ја разнесуваа на парампартали оние гладни завивања на дивината, пробивајќи се при тоа и во неговиот сон, а сега поминуваше со дланките по рамениците, што му беа тврди, еден огромен, црвенокос човек, а врзан во таа зачмаеност; секоја нишка од неговите мускули, навикнати секој ден да го имаат она живо оптегнување и да просребруваат притоа сега беше останата да изумира во таа самота; секоја негова мисла, навикната постојано да ја има во себе смислата на она, што го работеше, сега, кога немаше што да се чини и на што да се мисли, остануваше пуста, како катче полно застојаност и пајаџина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пак зачекорил. Збиените луѓе како да му пошле в пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го нема Русинот. Јас и Тодор Малинов чинам и сме среќни што класот не е испомешан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уф, чинеше тој; чинеше и таа. - Како ме најде? - Те барав дома...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ми се чини и гранките се пресегаат по бутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)