„Така е поради храната. Виното те лаже. Посилно е отколку што ти се чини додека го пиеш.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се распаѓаш од Копнеж:
вечна гини-вода
латентна
апстиненцијална
криза.
Скокаш до небото
или само така ти се чини
додека се будиш
во затворено.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)