чини (гл.) - така (прил.)

Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Ама е напрчен!“ реков. „Се прави важен, божем негово е.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А ти да му речеше. Не е другарски зад грб да озборуваш!“ ме пресече Влатко. „Другари сме, не чини така!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакав да му речам, ама се плашев пак да не се поткачиме. Подобро да молчам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Немојте така, господин Спасое, велам, зошто со сила ги правите бугараши, не чини така, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)