чини (гл.) - сосем (прил.)

Така Јанош беше принуден да ми раскаже уште една од своите попатни приказни – за Керуак, Гинзберг, Бароуз, Ферлингети и останатото хипи-друштво и секако, за главниот јунак на романот, Дин Мориарти...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оттаму и вашата возбуда ми се чини сосем разбирлива.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но дури и ако некој му верува, овој алтернативен заклучок се чини сосем разумен, и воопшто не е инкомпатибилен со идејата за менталноста видена како пресметување (computation).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да го оставиме настрана фактот (што од оваа гледна точка е малку битен) дека Хичкок мошне јасно и начелно се изјаснил против поставувањето на големите книжевни дела на филмски екран затоа што работата со слики и со звук има сосем друга природа од работата со зборови, но оваа мисла не се чини сосем неточна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му се чинеше сосем возможно дека едноставно направил глупава грешка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и сега му се чинеше сосем можно дека девојката, кога ќе се сврти и ќе го погледне, ќе се предомисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)