чини (гл.) - цел (прид.)

Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па сепак денот не беше пријатен. на разни страни се извикуваа разни команди, па чиниш цело време кучиња те џамкаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И спијат децата од пол до пол, на сите континенти, иако е девет, Чиниш целиот свет е бескраен детски кревет.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На Србина чиниш цело време му се спие. Седеше со рацете меѓу нозете собрани со колената до стомакот, со капата над очи и мижеше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За чудо челото и јаготките му биле мазни, неподвижни, и преку ден како облеани од летна месечина, чиниш целото лице му е изделкано од јадра биволска коска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)