чини (гл.) - измет (имн.)

Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако рече Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на манастир на Трескавец, на Богородица.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако речи Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на манастир на Трескаец, на Богоројца.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ов, јас сиромав само со умот што се богатеам, оту уште еднаш јас не било к'смет да си одам, ами види тоа широко море: до кај што ми око гледа, до тамо вода имат; нема јас да се вратам уште еднаш назад овде коски ќе окапам и друго ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Секнал еден трад, го нажежал влакното од коњот и веднаш долетал коњот. 'И слекло момчето парталаите алишта, го јавнало коњот, та го разиграло низ бавча и кога го видела цареа ќерка, срце ја ватило.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чул бавчанџијата тие жални зборои од момчето, му се нажалило и го прибрал да му чини измет во бавчата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)