Мајка стана, ја потфати под мишки, лесно, чиниш се плаши дека ќе ја разбуди, ја подигна и полека ја легна на широкиот кревет. Јаболковина мириса перницата, на печена круша и дуња мирисаат веленцињата; на пресен леб штотуку изваден од фурна, мириса целата одаја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чинам се делиме: Твојот пат нагоре мојот пат кон тебе води.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Одеднаш јарето исчезна, чиниш се стопи во мракот и темнина стана, стана слана на калдрмата...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А денот пак се буди надоаѓа и расте чиниш се буди воденицата и некој го истурил јазот по камењето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едно време останаа тука сосема скучени, како некој да ги беше прибрал под стреа од нивната заталканост, која само по некоја среќа можела ете и да има крај и чиниш се чувствуваа незгодно од тоа гостопримство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше една глува отпуштеност, таа легна во сѐ наоколу, ја исполни и целата таа просторна сала и таа чиниш се превитка во неа и се смири.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кај може да се спие кога во главата ти седат белите нозе на Родна и оние нејзини полни и подзавртени цицки што како збудалени животинчиња чиниш се ловат под веленцето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Разделувањето со децата трае долго, најпрво Пелагија ги гушка и рони солзи, по неа Чана ги стиска во својата голема прегратка, мајката Роса како да испраќаше од своите ќерки и липтежот не можеше збор да изусти, потоа другите се туркаа, сакаа макар да ги допрат и така преку тие допири чиниш се надеваат дека и тие ќе стигнат до својот корен, до некој свој предок, роднина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чиниш се чека новодојдените да си ја апнат понадата во спокојство па потоа да почнат да разговараат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чинам се најдов во оперативна соба, пак мојот омиленик доктор, хранејќи се од задоволство и љубов, ме допре со аморната справа ме удри ме уби, ме улови...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А имаше едно војниче, Крстивое Пешиќ, чинам се викаше, па тој, не знае кај да се скрие.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)