чини (гл.) - некој (зам.)

Чиниш некој друг е со кого Марко првпат се сретнува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ова треба на секој начин да се одбегнува, затоа што ништо не ја нарушува толку власта како што тоа го чини некоја истакната или забележлива за сите гнасотија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многумина градоначалници имаат долги раце и заради тоа, со време си ја губат должноста; многумина се одликуваат со особен okno.mk 127 развиток на другите делови на телото или со грда нивна краткост, затоа тие изгледаат смешни или грди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А таа, чиниш некој да ја влече за нос, ја изкриви главата и зина: - Кој ја знае. Побегна со еден наредник, овца една.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Виде не виде, Жеро Жерав зеде да измислува прикаска со која сакаше да ме ослободи од стравот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чиниш некој ми ја поништил силата да владеам со соништата и да измислувам прикаски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)