чини (гл.) - го (зам.)

Ама и тиа, макар колку да се умни, макар колку да се јунаци, како вас со Бојка, Трајка, Андона и Најда — тиа знаат дека сами не можат да свршат работа; та затоа, ете, образувале една организациа во која ќе го соберат целиот наш народ, од сете краишча на Македонија и потаму, од одринцко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Знам — рече Толе, — дури го виду и најголемиот војвода во кафето „Македонија“ во Софија. Не знам како ми го рекоа; Белче ми се чини го викале. — Делче. Гоце Делчев — го поправи Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Острите високи карпи издадени кон небото чиниш го допираат, а низ нив е сончевиот зрак, наутро, за прв пат, прецизно паѓа точно во полето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Минатиот труд на негацијата реверзибилно се покажа како припитомена афирмација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Критичките модели се чини го одиграа својот асимилиран пораз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да го оставиме овој проблем на страна. ]е го допреме - за да имаме и друг агол - инсистирањето на темата на хермафродитизмот кај обајцата и, на пример, блиската иконографска релација која се чини го поврзува Leonardoвиот цртеж со перо на кој е претставен машки акт со четири раце и две глави, (11) хермафродит составен од еден младич и еден старец кои ги симболизираат Задоволството и Болката, и сликата насловена како Момче и девојка на пролет, која исто така е посветена на темата на хермафродитизмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Аман синко. Што ќе направиш!... Немој, не чини го тоа, не е добро!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Што ќе биде, нека биде! Симка е за мене родена, не за некој си Јован!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Таа глувота чиниш го удри, чиниш го оглуши и него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По многу нешта се гледа дека листот долго време стоело врз масата, примило разни дамки од некакви шејови што се пренесувале врз него, а и ракописот не тече како кога се пишува одеднаш, туку големината на буквите ту се намалува, ту се зголемува, чиниш го пишувале дватримина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чиниш го слушале гласот на Чана па сега ѓамкаат околу тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И сега, во ова вовче кое чиниш го водеше самата судбина, колку и да беше управувано од Татковите мисли, Мајкиното верно око нѐ следеше сите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)