чини (гл.) - сака (гл.)

Здравоживо мор Пелгијо, кај гу имаш скриену то нашто кумашинче! го пуштил гласот Танаско, а Пена ја гушка, ја стиска, чиниш сака во себе да ја втера, потоа Пелагија ги гушка нивните деца, ги опсипува со бакнежи, влетува и во прегратката на Танаско, а потоа тоа купче од луѓе и гласови се раширува во дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еден од луѓето во бели бечви, не со лице на крстен туку сув крстител, висок, брадест и кадрав, трчал кон него со бласкав нож чиниш сака само да го заплаши, да го чалне малку колку да го ослободи од грижи и двоумења и, разминувајќи се со него, да го продолжи патот кон некоја своја голема цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не знаел кога и како се исправил со својата наполнета кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Танаско ја црпна како да е малечко дете, ама таа и во неговите раце, здрвена како прачка, продолжи да ги помрднува нозете чиниш сака или како да има ниет на небо да се качи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Милка ситна, наврена во фустан сигурно донесен од преку граница, а Родна по неа во нешто ни градско ни селско што постојано го влече со рацете надолу чиниш сака ете тука пред сите да се соблече.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Едо, здогледувајќи ѝ ги нозете над коишто високо се вишеа нејзините рамена, почувствува во себе некоја сила што чиниш сакаше да го фрли кон неа како ѓулето од топовската цевка кога ќе прсне капислата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)