чини (гл.) - бев (гл.)

Се чини беше сосема доволно да ѝ го помилуваш умеењето и оние ситници што ја величаат нејзината надмоќ па таа да се предуе од одоброволеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред повеќе години, чинам беше февруари, бев на гости во Маврово, во куќата на другар од детството.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последното се чини беше најверодостојно, зашто доаѓаше од устата на Мара Банџорка, најблиската сосетка на Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И едно лето, ми се чини беше крајот на јули 1862, реков да се најде тајфа и да се почне копањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И тогаш чиниш беше прероден од тоа што беше успеал некако да поверува и сакаше и сите други да му поверуваат нему. И навистина луѓето веруваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ко да летав на Марс чинам занесена не осеќав нежност во тоа патување сал болка која силно пече, боли гасне една младост, гасне едно тело чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Само два купи? - праша откако погледна најнапред во симидите а потоа и во мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најпосле, на почетокот од октомври, ми се чини беше деветти во месецот, чистејќи ги отпадоците во потонските простории што беа ги оставиле копачите од Пустенец додека спиеја долу, завлекував рака и покрај голите и потемнети греди и, исто така, и во ќошовите на ѕидовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)