Сака сѐ по неговото да биде... Сака да тера како што ќе му текне на умот, а ние треба цела вечност да чекаме додека му созрее умот...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Самиот Шатев признава дека некој од посадата бил во ходникот и дека за тоа морал да го чека додека тој не се оддалечи, за да може безбедно да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Застана и чекаше додека не стигна возилото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Лево и десно од патот нѐ растоварија и рекоа тука да чекаме додека не стигнат и другите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој има фиќо, а сонува - мерцедес.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
ДВАПАТИ МЕРИ ЕДНАШ СЕЧИ
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Е, братче, многу треба да се чека додека да се вработиш и да си купиш авто“, воздивнав и го тупнав Влатко по десното рамо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Иако, на пример немало никаква причина за тоа, бидејќи десетината чиновници што го претставуваа сиот управен механизам на канцеларијата, и без тоа се наоѓаа во соодветниот страв; кога ќе го здогледаше оддалеку, чиновникот си ја оставаше работата и застануваше мирно чекајќи додека претпоставениот не влезе во својата одаја.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И морето се повлекува и чека додека неговата фаланга поминува!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
И громот се повлекува и чека додека тој војува!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Градот чекаше додека планетата кружеше низ вселената, следејќи ја својата орбита околу сино-белото сонце, а годишните времиња минуваа носејќи мраз, па оган, а потоа повторно мраз и пак зелени полиња и пожолтени ледини на лето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)