- Да чекаме уште малку, - пак рече старата ластовица.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Неговото лице беше в сенката а Мануш и Јанкуло, потпрени еден на друг, не можеа ништо да му прочитаат во очите и чекаа уште побледи од порано.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се излажав: лицето на Писмородецот се разведри за миг, но ведрината исчезна кога виде тој дека јас само една реченица кажав, а душата негова суетна чекаше уште, и не доби, па се смурти лицето негово.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се чека уште на тебе, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Чекај уште малку, вели Никифор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лесно се влегуваше кај него, а тешко се излегуваше; кога ќе почнеа луѓето да си стануваат, ќе речеше „Чекајте уште една чаша за последната молитва...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тие тоа го направија толку егоистички, што заборавија да ја поведат и Наташа, и таа остана сама, дури и не знаејќи го тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Чекајќи уште некое време, мртовецот, малку поднаведнувајќи го телото, тргна во куќата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дедо Бошко, откако ѝ рече на снаата да свари кафе, му кажа на Лумана: - Те чекав уште неќна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Чекај уште десетина дена па ќе расцутиме заедно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)