Понекогаш забележува некоја превртена бубалка на грбот што прета со нозете барајќи спас, барајќи да се дофати за нешто за да се отпреврти или чекајќи одново да дувне ветрот што којзне од кога ја отпревртил: од пред малку, од сабајле, од вчера.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Долго чекав одново да ја изговори таа своја желба, а потоа јас го потсетив на неа. „Се плашам,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш зборувавме за стравот, и за толку многу други нешта; минувавме денови во кои, како што ги испитувавме нашите тела, како што ги пребарувавме телата откривајќи од каде толку љубов токму кон тоа тело, така си ги пребарувавме и душите: сакавме да знаеме што значи за мене, а што за него, болката, и што значи задоволството, се прашувавме и потпрашувавме што е љубовта, а што неверството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)