чека (гл.) - навечер (прил.)

Чекам наутро, чекам навечер, ама од никаде ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе не чекаше навечер сите да си легнеме, а потоа ќе ги распостелеше книгите во кујната на масата и почнуваше со ноќните учења.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Господе, ништо полошо немало кога не знаеш јазик, кога цел ден молчиш како нем, како вол и чукаш со чеканот; одвај чекавме навечер со Анастаса да се видиме, да си поразговараме, маките да си ги кажеме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го чекав навечер по скали, телефонирав, оставав писма. Уште милиција што не испратив.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)