чека (гл.) - веќе (прил.)

Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Полека ма, дадо (таа мене така ме вика), ќе ми ја откорнеш раката!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа не чекајќи веќе следниот ден беше во возот за Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми се пристори ли или навистина нешто зашушка во шумата близу нас, не знам, ама не чекав веќе ни миг туку ја зграпчив Дена за рака и почнав да ја влечкам по себе, речиси трчајќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)