чека (гл.) - свој (прид.)

Опсерваториумот е место од каде што најдобро се гледа целото небо, но и околниот простор во низините каде се простираат распослани македонските ниви, кои желно го чекаат својот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е парадигма на современиот капитализам, која допрва ги чека своите одговори и која нужно не е цел на овој проект, иако низ него таа, на една релативно чиста општествено- економска заднина, може полесно да се воочи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа тие двајцата се доближуваат до синот младоженец и земајќи го под рака, заедно со него чекорат водејќи го под свадбената хупа, поставена на отворно, под ѕведеното небо, сè според обичајот и го оставаат таму да ја чека својата избраничка под белиот балдахин, како што некогаш, на почетокот на времето и на Адам му било наложено да ја чека Ева под балдахинот во рајската градина кога Бог ќе му ја донесе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа, облечена во снежна венчаница со долги ракави, го погледнува од под велот со топлиот поглед на светнатите очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ним ни на памет не им паѓаше колку се измачуваше клетата жена и со каква тежина на душата го чекаше својот стопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во мракот на подвозникот нѐ дочека еден куп кадифени панди, кои го чекале својот превозник.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Осамениот орел го чекаше својот миг: ќе отидеме, ќе остане мрша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се отвори од некоја своја магија и појде на две страни, кон гола цуцулка на планина и кон друг облак со позлатен раб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се свртев и се оддалечив од нив а ноќната треска, во која умирав заедно со старецот Неделко Шијак и не умрев, побрза од сето мое месо и од сите мои млади жили кон грлото: се склопчи таму, со притаеност на лутица чекајќи свој миг да пушти од себе и студени и врели боцки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зелениот камен веќе лежеше врз домалиот прст на Калпаковата широка шепа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле беше стасан и тој од својата чиниш само во злокобностите вистинска изгубеност, и сега си го чекаше своето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па го чекаш својот капетан во чамец, или подобро во јахта, кој доаѓа да те спаси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На вечерната забава, оние кои уште во автобусот го фрлија мамецот ја чекаа својата вистинска шанса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те гледам тебе во неа, насмевката... не можам да ја лажам љубовта, таа ја чека својата за сон...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ја чекаше својата казна, своето понижување кое со ништо не го заслужи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си го чекаш својот ред, исто како примерен затвореник од некое Орвел–сценарио.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
...а сепак билната трпеливост на листот што го чека својот пад а сепак загнездена немоќ во глетката на приспивната починка а сепак туѓинци веќе и за себе што по изгубената блискост трагаа трагаат... мали пополноќни разговори со маја или декорот во служба на магијата
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И така, јамата остана да го чека својот вистински сопственик.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И така си стои Нумо скраја од патот и двапати дневно го чека својот пријател-шофер за да го земе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
НОРА:Беше тоа времето кога игравме нособојка трчајќи на ноктиња по турската чаршија и потоа јазејќи се по олуците-тобогани се плескавме во базени со чај, каде кралицата Балонезе спокојно го чекаше својот плен, мамејќи нè со магичниот ѕвон на клучевите од нејзините златни подземни кафези.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А ние, малите гномчиња, се опивавме од чајот и крештејќи и кикотејќи се лежевме и висевме по малите педалинки како гротескни сплавови на медуза...бла, бла, бла. M И уште ова: кажи ми за разликата меѓу онаа и оваа држава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И во двата случаи главниот виновник ќе бидат или сплетот на несреќни околности или мрачните сили на пеколот кои како гладни крвожедни кучиња го чекаат својот плен, тие жртви кои во себе го носеа дивиот страв, тие изгубени и продадени души кои се изгубија по патот на неверството, предавството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога и да погледнев од прозорецот го гледав него на самиот агол како стрпливао ја чека својата жена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)