Ми рече дека штом го предлагам тоа јас, дека мора да има смисла, дека тој во тоа не се сомнева, дека јас сум му бил гаранција, дека слушнал оти сега сум бил во тој крај, дека весниците пишувале за тоа и дека и тој ги чека моите големи и градителски, но исто така, и книжевни дела.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја чекал мојата повест. Ах! Мојата повест!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Пчелите, пеперутките и луѓето ги чекаат моите цветови.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
КЕВА: (Дури сега го согледува ножот и премира од страв.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Затоа последен пат те молам, кандисај! Дај ми изин! Чекаат мој збор, јас чекам твој...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
„Одам дома, ме чекаат моите на ручек. Па потоа се враќам тука, продолжувам со работа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Да зборуваме утре за тоа – реков – умни сме ние двајцата а притоа и сложни, решението нема да ни избега!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Зошто да ви создавам вам проблеми, кога мене ме чекаат моите? – рече сосема неочекувано.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Небото се иссипаничави, на неговата кожа стежнуваа многу такви парчиња месечина, потоа се движеа свијокливо, се прогонеа меѓу себе и прскаа кога ќе се допреа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прскав и самиот и чекав мојата распаднатост да ја најдат човекодуши магесници со голи и бели грбови и да ме состават, стани, да ми шепнат, на свои раменици можеш да ги пренесеш запрегите до Лесново и од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Никого не чекам, - рече Белото. - Пчелите, пеперутките и луѓето ги чекаат моите цветови.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)