чека (гл.) - татко (имн.)

Мајка му ја беше зготвила вечерата и го чекаше татко му за вечера.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И натаму очите ни беа заковани на крајот од улицата, од каде што ги чекавме татко и мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Вера молчеше. Јас не знаев поради што: дали чекаше татко ми натаму да и раскаже за оваа посета, или едноставно и беше незгодно што било да праша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но, да продолжам. Со нетрпение чекав татко ми да се врати од работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А таа и сестра ѝ гледаа во земја и чекаа татко им да им каже дека можат да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)