чека (гл.) - наредба (имн.)

Четата притаена во рововите и бункерите чека наредба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Противничките ровови молчат Цевките на митралезите и автоматите - ладни. Чекаат наредба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Селото беше приготвено за евакуација и секој ден живееше во неизвесност чекајќи наредба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Акиф излезе и по кратко време влезе Суљо. Направи темане и застана до врата да ја чека наредбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека последните од деветмината гости (Челичната Шепа, Човекот-Мува, Фантом, Кокино, Толос, Едвард Клешторакиот, Хулк, Хари Лајм и Старецот Зосима), што од алкохолот што поради сопствената неможност да бидат побрзи, сепак некако успеваат, сопнувај’и се, да ја напуштат таа огромна сала (едно од тајните скривалишта на господинот Сенка), дотогаш Пајо Ентропија и Даркер ладнокрвно ги пре­крстуваат рацете, чекајќи да се затвори вратата. 88 Margina #21 [1995] | okno.mk -И вие двајцата - им вели Сенка, откако сите други ќе излезат, на Пајо Ентропија и Даркер, кои чекаат наредби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Би ве потсетил, господару, на она што еднаш го рековте: „ние четворицата - и Дипигус, се разбира - сме како четири запченици од кои секој се забодува во оној другиот”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури почнал да се плаши дека го имаат заборавено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го одвел автомобилот до касарната но таму веќе немало никаков Штаб; Штабот веќе бил повлечен негде надвор од градот, а стражарот пред касарната му рекол дека и тој чека наредба да се повлече, цели шест часа веќе ја чекал смената.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)