Откако Зигмунд ќе заминеше во училиште, моите сестри излегуваа во дворот зад зградата, а јас останував близу до мама, ја гледав како работи, гледав во нејзините раце и нејзиното лице додека переше, додека го рибаше подот, додека крпеше, везеше, готвеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)