Беше како куќичките што се цртаат на честитките за Новата година, речиси иста како онаа на честитката, што му ја испрати неодамна неговиот син Јовко од градот, во кој се школуваше во гимназијата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)