цитира (гл.) - збор (имн.)

Изворот нагласува дека според она што можел да го забележи од многубројните разговори со југословенските лидери, тие немале "намери да ја бараат Грчка Македонија", дури и нагласил дека "предметот во врска со грчките работи се избегнува во ретките уреднички коментари во југословенскиот печат".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој дури и ги цитира зборовите на демонстрантите, кои извикувале: „Ние не сакаме да одиме на Берлин, сакаме да одиме на Солун“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татко често ги цитираше зборовите на Ататурк, кога требаше да се оправда некоја од неговите радикални мерки: Јас сум Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изворот, исто така, известува дека на 18 ноември во Битола биле обновени барањата на грчките Македонци за вклучување во Југославија, но биле отфрени од југословенските партизани со образложение дека тоа е деликатно дипломатско прашање во кое основно е да се соработува со СССР, Велика Британија и со САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)