Од неговото голо теме се цедеше вода во танки копчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Некои влегуваат со отворени чадори од кои се цеди вода.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Од старчето се цедеше вода. Место обувки какви што им прилегаат на луѓето, на нозете имаше школки. По една на прстите и по една на петиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Попладнето - марш на ново одредиште. Во земјанката прибрани и стуткани еден до друг, потпрени на замрзнатите ѕидови од кои се цеди вода, гледаат во малиот жив оган.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во превод стануваше збор за тенок, добро печен бифтек, пилешко во чоколадо, некои макала, лутеница и чипс од пченка што го голташе во големи количини за да го стивне лутото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)