храни (гл.) - и (сврз.)

Стричејте нејзини, а и Дамческите, ја хранеа и ја заштитуваа од злонамерници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
— Ете, бугарските чети сакаат и верата да ни а менат, — им ја објаснуваше даскалот Димо Гулушов еден ден на своите Старавинци содржината на писмото и ги викаше да не признаваат отсега натаму никакви бугарски чети ни војводи, ниту пак да ги хранат и кријат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарите израснати во и крај царската палата султанот ќе го сметаат и за нивен симболичен татко, кој ги храни и воспитува, ги подготвува да војуваат за него и царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
до госпоѓицата осуденик допираат само крпчиња пареа од одалечениот свет- бледите испарувања се распрснуваат низ шумата- нема каде да се оди- за госпоѓицата осуденик нема ни најмало патче- таа всушност и не постои- дише чекори зборува дури се храни и води љубов но животот прекинал со неа ни здивче ветер- во шумата сум- во салата сум-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во „Манифестот на пост порн модернистите“ (што го напиша заедно со пријателката Вероника Вера), Ани изјавува: „Пост порн модернистите го слават сексот како сила што храни и дава живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Жените навистина имаат да понудат нешто посебно за да му помогнат на нашето општество сексуално да порасне.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Три години крвавеа, три години хранеа и даваа сув покрив, им ја дадоа својата постела и рогозина, своето веленце, своето возглавие, своите деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ха, - промрморе кметот. - Не сум јас должен да хранам и да се грижам за туѓи деца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таму лошо се хранел и климата за него не била добра.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа пак гледа во своите раце, ги шири со дланките свртени угоре, како да одмерува нешто тешко, па додава: - Знае мојот Ванчо дека тие чесно го хранат и раснат!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)